Аеродромите во регионот главно затворени под притисок на COVID-19

Пандемијата ги затвора аеродромите во регионот. Во моментов затворени се: Скопје, Охрид, Ниш, Белград, Подгорица, Тиват, Дубровник, Љубљана. Од поголемите аеродроми во регонот функионира Загреб (најверојатно поради претседавањето на Хрватска со ЕУ), потоа Сплит и Сараево. Од европските авиокомпании, сите летови ги откажаа во LOT, Austrian, AirBaltic. Меѓународниот сообраќај комплетно го прекинаа Норвешка и Словачка.