Аеродромите на Црна Гора на продажба

Подолго време е во етерот дека Црна Гора ги дава на концесија своите два аеродроми Подгорица и Тиват. Понудите веќе пристигнаа од седум компании кои се во бизнисот со водење аеродроми. Интересно е дека во трка се повторно турските конзорциуми Лимак и ТАВ, истите кои беа во трка и за аеродромот во Истанбул. Во игра се уште компании Јужна Кореа, Индиа, Луксембург. Голем дел од главните аеродроми на државите во регионот се веќе дадени на концесија. Последен пример е Белград за кој се избори францускиот Винчи.