Директни летови Скопје – Ст.Петерзбург?

Руските власти отворија 5 годишен „прозорец“ за европските авиокомпании, вклучувајќи и нискобуџетни авиокомпании, за летови до St.Petersbrug. На специјалната листа се 30 држави, вклучувајќи ги тука Македонија, Словенија и Србија. Авиокомпаниите ќе можат да ги пријавуваат своите летови, ексклузивно само за овој аеродром, без редовните процедури за одобрување летови кон Русија. Новиот проект овозможува било која европска компанија да организира директни летови Скопје – Ст. Петерcбург. Идејата е да се зголеми бројот на туристи, и следи по укинувањето на руската виза за голем дел од европските држави (вклучувајќи ја и Македонија) за посета на Ст.Петерсбург, но искучително со директни летови (не важи за конкекции преку Москва или друг руски град).