Кога ќе почнат со работа аеродромите во регионот

Новото „нормално„ на аеродромите, односно основните мерки кои ќе се применуваат, го добиваат својот финален облик. Во терминалните згради на аеродромите ќе им биде дозовлен влез само на оние што патуваат. Доколку се работи за лица со посебни потребни ќе биде дозволен и влез на придружбата. Сите што ќе бидат во внатрешноста на терминалната зграда задолжително ќе носат заштитни маски. Хигиената ќе биде на највисоко можно ниво, со повеќе точки за дезинфекција на рацете . На сите места каде што патниците ќе чекаат ред, ќе постојат ознаки каде треба да се застане, со цел на се одржува социјална дистанца. На повеќе места ќе постојат плакати со информација за мерките кои треба да се превземат за лична заштита. Сите службеници кои на пунктовите се во контакт со патниците ќе бидат заштитени со провидни прегради со што ќе се спречи меѓусебен директен контакт. Службениците задолжително ќе ностат заштитни ракавици и заштитни маски.

Главна препрека моментално за авиосообраќајот во регионот е регулативата на ЕУ која спречува влез на граѓани од нон ЕУ држави за влез во ЕУ до 15 јуни. Имајќи предвид дека голем процент на патниците од нашиот регион гравитираат кон Греманија, Швајцарија, Австрија, Франција или кон Скандинавските земји, сеуште авиокомпаниите кои летаа од регионот не можат да пронајдат финансиска потпора за да продолжат со летовите.

Аеродромот Загреб воопшто не е затворен за време на кризата, и одржува постојано еден дневен лет за Франкфурт. Од неодамна од Загреб започнаа и домашните летови кон Сплит и Дубровник. Аеродромот во Љубљана е официјално отворен за меѓународен сообраќај, но до почетокот на јуни нема редовни комерцијални летови. Белград очекува почеток на комерцијалните летови од 18 мај и тоа за Цирих, Виена, Франкфурт и Лондон. Меѓународниот аеродром во Софија функионира постојано во време на кризата со редуциран сообраќај. Моментално летови имаат Wizzair и Bulgaria Air за дестинации во Англија, Германија, Холандија, Франција, Шпанија, Данска. Атина фунционира со повеќе домашни летови, и ограничен број ЕУ полетувања за Лондон, Виена, Цирих, Будимпешта, Мадрид.

Останатите аеродроми во соседството Ниш, Приштина, Тирана, Солун, Сараево, Подгорица се затворени, и ја делат истата судбина како Скопје и Охрид, и чекаат на потполно отворање на европското небо, и попуштање на мерките за патниците кои слетуваат од странство. 14-дневниот карантин или самоизолација што е на сила во повеќето земји е главна тема на светските организации кои треба да препорачаат мерки за пост COVID во авиосообраќајот. Исто така и задолжителниот тест за Corona, кој е скап и мора да биде направен најрано 72 часа пред полетувањето, а го бараат некои држави, е финансиска и логистичка пречка за комерцијалните летови.

Конечна слика за предвидениот сообраќај во регионот се очекува на почетокот на јуни кога веројатно ќе бидат објавени ЕУ регулативите за движење на патниците во авиосообраќајот. Дотогаш се е во рамките на претпоставки.