Новиот изглед на скопскиот аеродром со мерките за COVID (фотографии)

Скопскиот аеродром е спремен за повтоврно отворање. Опремен според најновите препораки на EASA (EU Aviation Safety Agency) аеродромот ги очекува првите патници во пост COVID, се разбира откако тоа ќе биде одобрено.

Аеродормот публикуваше посебен протокол РМР (Pandemic Management Protocol) со кој се пропиишани најновите мерки за безбедно и „здраво„ патување.

За сите вработени задолжителна ќе биде проверката на телесната температура пред почеток на работењето. Потоа сите добиваат соодветна заштитна опрема (маски, визири, ракавици и сл.) во зависност од работното место.

За патниците се припремени, термална камера за проверка на телесната температура, теписон за дезифекција и диспензери за дезинфекција на рацете на влезот во терминалот. Истото е спремно и на оние кои слетуваат, односно влегуваат во државата. Вентилацијата заедно со системот за ладење и греење во терминалот се одвива преку посебни филтри т.н. F9 (nano chemical film coated), кои се гаранција за „квалитетен„ воздух внатре во зградата.

Влезот во терминалот ќе биде дозволен само за оние кои патуваат. Од мерките за лична заштита, за патниците задолжително е носење заштитна маска. Поставени се постери на повеќе места, со информации за лична заштита.

Просторот за регистрација на лет (check-in) е обележен со налептници за одржување социјална дистанца, додека на шалтерите за пријава се поставени панели со кои се спречува физички контакт меѓу вработените и патниците.

Столиците за седење се обележани според правилата за социјална дистанца.

Деловите од терминалот кои се во допир со патниците (рачки од врати, монитори, огради, пултови, столици, места каде што се служи храна и пијалок) ќе се дезинфицираат до 4 пати дневно.

Сите мерки кои се имплементирани се со цел што побргу да се врати довербата во авиосообраќајот. Сцената е поставена, се чека главните актери (патнците и авиокомпаниите) да се појават пред „публиката”.

Последен датум кој се споменува за евентуално отворање на скопскиот аеродром е 01.јули.