Новото „нормално„ на аеродромите во пост Covid

Сите стручни лица и организации во авиосообраќајот моментално се ангажирани во изнаоѓање мерки кои ќе овозможат безбедно и здраво да се продолжи со комерцијалната авијација. Што ќе биде новото „нормално„ како што го нарекуваат аналитичарите пост Covid периодот.

IATA препорачува: Адаптирање на просторот пред шалтерите за регистрација за да се овозможи потребната дистанца на патниците кои ќе чекаат во редот. На аеродромите кај нас дополнително ќе бидат поставени провидни панели за да се заштити просторот меѓу вработените и оние кои доаѓаат да се пријават за лет.

Социјалното дистанцирање ќе биде организирано и во делот на пасошката и безбедносната контрола, како и пред портите за влез во авион.

Правилата за носење течности во рачниот багаж се сеуште непроменти, иако се очекува голем број патници да носат течности за дезинфекција на рацете.

Вработените ќе бидтат заштитени со маски и ракавици. Истото ќе биде најверојатно задолжително и за сите кои влегуваат во аеродромската зграда.

Влезовите во аеродромскиот терминал ќе имаат простор (теписон) за дезинфекција за чевлите на сите кои влегуваат во терминалот. Истото ќе биде применето и за оние кои треба да влезат во државата.

Отворените површини во терминалот, како столици, маси , шалтери, тоалети ќе се дезинфицираат почесто. Диспензери за дезинфекција на рацете ќе има на повеќе места.

Ќе бидат истакнати постери со препораки во врска со мерките кои треба секој да ги превземе во врска со однесувањето во услови на Covid.

Сите вработени ќе поминуваат посебен тренинг за препознавање и пријавување патници со видливи знаци на: кашлица, тешко дишење или генерално изгледаат болно. Некои аеродроми воведуваат процедури за мерење на телесната температура пред check-in, и доколку е над 38 степени, нема да се прифаќаат тие патници на лет.

Авиокомпаниите се подготвуваат со слични мерки за заштита во патничката кабина. Екипажите задолжително ќе носат заштитни маски и ракавици. Истото ќе важи и за патниците, со тоа што маски би се нуделе и во кабината, но генерално ќе се бара секој патник да има своја маска. Пред влез во авион ќе се нудат и средства за дезинфекција на рацете. Услугата во авионите ќе се сведе на апсулутен минимум, односно само на евентуална продажба каде што плаќањето ќе се советува да биде со безконтактни картички. Спред сегашните препораки авиокомпаниите треба да блокираат за употреба 1/3 од своите седишта за да се овозможи соодветна дистанца меѓу патниците. Вентилациските системи потребно е да имаат посебни филтри кои нема да дозволат ширење на вирусот низ кабината.

Авионите ќе се дизинфицираат комплетно секој ден, а после секој лет ќе се дезинфицираат рачките и масичките на седиштата.

Но, дали огромниот систем на комерцијалната авијација ќе се врати во функција, првентствено зависи од политичките одлуки на земјите во светот за отворање на државите за меѓународни летови.