Скопскиот аеродром продолжува со рекорден сообраќај

Трендот за постојано зголемување на бројот на патници кои го користат скопскиот аердром продолжува понатаму. Веќе неколку години во низа бројките за успешност растат. Така овој ноември зголемувањето е 16.5% во однос на истиот месец лани. Во тотал бројот на патници од јануари до 30 ноември е 2 183 789 патници што е зголемување за над 9% во споредба со минатата година.