Словенија се откажува од национална авиокомпанија

Според изјавата на словенечкиот премиер, нова национална авиокомпанија нема да се формира во догледен период. Сложеноста на процесот, и делумното пополнување на главните линии од Љубљанскиот аеродром се сигурно дополнителни фактори за ваквата одлука. Новите информации велат дека сега владата ќе ги субвенционира летовите од главниот град кон Франкфурт, Минхен, Цирих и Брисел.