Статистички податоци за прометот во првата половина на 2019

Според податоците од Eurocontrol за периодот од јануари – јуни 2019 познати се најпрометните аеродроми за првата половина на 2019 година. Најпрометен во Европа е Франкфурт со 252.000 полетувања за шест месеци, потоа следат Амстердам (248.000) и Париз (244.000). Подолу на листата се Лондон Heathrow, Мадрид, Минхен, Барцелона, Рим и Виена. Нискобуџетните компании најмногу полетуваат од Барцелона (111.000), потоа од Лондон Gatwick, и од Истанбул Gokcen. Редовните компании најмногу летови имаат од Лондон Heathrow (224.000), Франкфурт и Париз. Бизнис летовите најчесто летаат од Париз Le Bourget (24.000) , Женева и Ница.