Љубота како виза за ЕУ

„All you need is love„ пееја The Beatles во далечната 1967 година. Легендарните музичари наликуваат сега на визионери, ако се анализираат моменталните услови за влез во ЕУ за т.н. трети земји. Под притисокот на пандемијата за жал моментално не е дозволен влез во ЕУ за жителите на трети земји, меѓу кои е и Македонија.

Но, со посебен акт од март годинава, земјите на ЕУ дозволуваат престој на партнерите на граѓаните на ЕУ, кои доаѓаат од трети земји, без законски склучен брак. Секако својата љубов кон жителите на ЕУ, партнерите од трети земји ќе треба да ја докажат. Еве како изгледа тоа и што е генерално потребно::

а. Писмена покана од жител на ЕУ со копија од ЕУ пасош или лична карта.

б. Изјава потпишана од двајцата партнери за нивната врска

в. Пишан документ со кој ќе се докаже сериозната (долготрајна) врска како: комуникација преку електронска пошта, писма, социјални мрежи, заеднички слики од минатото, потврди за заеднички одмор (авионски карти и сл.).

г. Доказ за меѓусебна посета (пр. копија од пасош со влезен и излезен печат) пред почетокот на кризата, и воведените рестрикции за патување.

Дали фунционира?. ДА, процесот е проверен и легален. Навистина нема граници за љубота.

Се разбира секогаш пред да патувате контактирајте ја соодветната амбасада (преку електронска пошта) и побарајте потврда дека имаате соодветни документи.