Air Italy прекинува со летовите

Втората по големина авиокомпанија во Италија, со база во Олбиа, Сардинија, поради загубите во минатите две години, прекинува со сите летови. Авиокомпанијата во која Qatar Airways имаше 49%, со пет широкотрупни авиони, и амбиции да го превземе приматот на задолжената Alitalia, изненадувачки се повлекува од авио бизнисот. Според изјавите од авиокомпанијата, сите обрски на авиокомпанијата ќе бидат помирени.