Air Serbia се враќа во Истанбул

По двегодишна пауза српскиот национален превозник ги обновува летовите од Белград за Истанбул со три неделни летови. Познавачите тоа го поврзуваат со скорешниот прекин на белградските летови на турскиот превозник Атлас Глобал. На истата линија конкуренцијата е голема, Turkish Airlines лета два пати дневно и Pegasus продава четири неделни летови од помалиот истанбулски аеродром Сабиха.