Airbus со 20% повеќе нарачки од претходната година

Airbus бележи одлични резултати годинава делумно поради големите побарувања на пазарите во Азија. Бројката на нарачки за сите модели годинава ќе надмине 1000. По неуспехот со А380 за кој објавија дека ќе престане со производство, новиот модел А321XLR и моделот А220 кој Airbus го купи од канадскиот Bombardier, бележат одлична продажба. Само Air France минатата недела потврди нарачка од 60 авиони од типот А220.