Airbus A220 достигна 100 испорачани воздухоплови

Најновиот „narrowbody” модел на Airbus А220, достигна троцифрена бројка на испорачани воздухоплови. Програмата позната под името CSeries која Airbus ја купи од канадскиот Bombardier се продава одлично на пазарот. Досега со најголем број А220-ки се: Swiss со 29, Delta Air Lines со 28 и Air Baltic со 20. Како купувачи понатаму се Korean Air, EgyiptAir и Air Tanzania со помал број воздухополови од типот А220.