Alitalia повторно во преговори со Lufthansa

Италијанскиот национален авиопревозник повторно во игра со германската Луфтханза. Новиот администратор на владата за Алиталиа, ги активира преговорите со Франкфурт. Главната пречка е барањето на Луфтханза за намалување на бројот на вработени, и 30% намалување на флотата на авиопревозникот. За возврат би биле вложени 160 милиони евра и дополнителни 50 милиони за загубите поради евентуалниот премин на Алиталиа во германскиот Star Alliance.