American Airlines со дневни летови од Филаделфија за Дубровник

По успешното лето 2019 кога ги претстави своите директни летови од Филаделфија за Дубровник, American Airlines одлучи следната година од јуни до октомври да воведе секојдневна линија. Последното дотерување беше продолжување на сезоната до крајот на октомври, но со намалена френквенција од три неделни полетувања.