Austrian airlines ќе нуди 10 авиобилети по фиксна цена

Австриската национална авиокомпанија ќе понуди нов модел на продажба авиобилети. Имено за одредена дестинација во сопствената мрежа десет летови ќе чинат 449 евра. Цената ќе важи за една дестинација по избор, додека за различни дестинации овој блок ќе чини 799 евра. Продажниот модел е веќе тестиран од страна на нискобуџетниот Eurowings. Како што е познато и двете компании се дел од концернот Lufthansa.