Boeing го запира привремено производството на 737 MAX

Поради огромниот притисок во врска со одложувањето на повторното враќање на проблематичниот модел 737 MAX управата на Боинг одлучи привремено да го прекине производството на овој модел од јануари 2020. Истото ќе се одрази не само на Боинг, туку и на голем број компании кои произведуваат за Боинг. Приземјувањето на овој тип долко време ги мачи компаниите кои сметаа на новиот модел MAX, кој требаше да биде одговор на засилената конкуренција на Ербас со моделите А320 neo.