Etihad се поврзува со Easyjet

Платформата за продажба на Easyjet развиена во 2017 одлично функционира и привлекува нови авиокомпании. Авиокомпанијата со седиште во Абу Даби, се поврза со платформата за продажба авиобилети на нискобуџетниот Easyjet, и сега преку својата интернет страница Easyjet продава конектирани летови со Etihad. Платфорамата досега веќе ја користат Emirates, Cathay Pacific, Singapore Airlines, Norwegian, Virgin Atlantic и WestJet. Нискобуџетниот превозник лета во нашето окружување најблиску од Приштина за Женева.