Qatar Airways би инвестирал во Lufthansa

Во врска со неодамнешната посета на германски висок функционер на Доха, генералниот управител на националната авиокомпанија на Катар изјави, дека би инвестирал во германска Луфтханза. Германија е важна земја за нас, не само за авиосообраќај туку и за развој на туризмот, нагласија од Катар. Но, во Луфтхаза не го делат ентузијазмот на Катар бидејќи германскиот превозник не е приватна компанија која би понудила дел на странски инвеститори.