Wizzair ја зајакнува базата во Виена

Висок фунционер на Wizz air за летовите од Виена изјави „ние остануваме„ .Секако мислејќи на беспоштедната борба која компанијата ја води со сличните на себе т.н. нискобуџетни авиокомпании EasyJet, Laudamotion, Buzz и Level. Wizzair го одработи летото во Виена со 5 воздухоплови, за зимската сезона сега користи 7, а за наредната летна сезона планира 8 воздухоплови базирани во Виена. Очекуваното зголемување на бројот на патници е од 2,4 милиони оваа година на 4 милиони за следната година.