СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ
Европа
Frankfurt (FRA) Munich (MUC) Paris (PAR) Istanbul (IST) Vienna (VIE) |
од 212 EUR од 200 EUR од 218 EUR од 142 EUR од 179 EUR |
Северна Америка
Washington (WAS) Miami (MIA) San Diego (SAN) Chicago (CHI) Boston (BOS) |
од 426 EUR од 486 EUR од 669 EUR од 450 EUR од 413 EUR |
Останато
Sydney (SYD) Perth (PER) Melbourne (MEL) Auckland (AKL) Phuket (HKT) |
од 1051 EUR од 875 EUR од 1008 EUR од 1158 EUR од 535 EUR |
АЕРОДРОМСКИ ИНФОРМАТОР
Актуелно
Совети за патувањето
Дозволен багаж
Авиокомпаниите разликуваат РАЧЕН БАГАЖ и БАГАЖ КОЈ СЕ ПРЕДАВА на шалтерите за пријава (check-in) на багаж. Секоја авиокомпанија може да има сопствени правила во врска со димензијата и тежината на багажот. Најчесто дозволениот рачен багаж е до 8 кг и димензии 55 х 40 х 23. Багажот кој се пријавува најчесто е до 23 кг со вкупни димензии 158 сантиметри (збир на трите страни на багажот).
Дополнителен багаж
Доколку ви е потребно да носите повеќе багаж од она што е предвидено во картата, потребно е да проверите колку е доплатата за вишокот. Секогаш е поповолно дополатата да се направи повеќе од 24 часа пред полетувањето. Доплатите пред полетување се секогаш поскапи. Цената на дополнителниот багаж може да се разликува и по дестинација.
Забранет багаж
Одредени работи, иако на прв поглед можеби не изгледа така, може да ја загрозат безбедноста на патниците во воздухопловот. Затоа постојат строги правила во врска со она што е дозволено да се носи како рачен багаж, или багаж кој се регистрира. Посебни ограничувања има во врска со течностите кои се дозволени во рачниот багаж. Секое пакување со повеќе од 100 милилитри течност ќе биде одземено на безбедносната контрола на аеродромот.
Задоцнет багаж
Може да се случи да пристигнете на вашатa дестнација, но на лентите за подигнување на багаж да не се појави вашата торба. Она што треба веднаш да го направите е да пријавите во службата за изгубен багаж Lost and Found.
Во најголем број случаи багажот ќе ви пристигне на адресата која сте ја пријавите, во рок од 24 часа. Доколку го добиете багажот подоцна пријавете го тоа на интернет страницaтa на авиокомпанијата со која сте пристигнале.
Статусот на вашиот багаж може да го следите и на следниот линк каде што треба да ги внесете информациите од записникот, и тоа File Reference и името под кое е направен записникот (ископирајте го следниот линк на вашиот интернет пребарувач)
www.worldtracer.aero/filedsp/hr.htm
Оштетен багаж
Доколку забележите дека вашиот багаж, кој сте го подигнале после слетувањето, е оштетен, веднаш пријавете ја штетата во службата за изгубен багаж Lost & Found. Авиокомпаниите ја прифаќаат одговорноста за вашиот багаж, и ќе во обештетат во разумни рамки. Ако оштетувањето сте го приметиле откако сте го напуштиле аеродромот, можете штетата да ја пријавите до 7 дена после слетувањето. Секогаш препорака е да се користат интернет формуларите на авиокомпаниите, каде што може да прикачите и слики од оштетениот багаж.
Спортска опрема
Повеќето авиокомпании дозволуваат пренесување спортска опрема. Спортската опрема најчесто се смета за допонителен багаж и подлежи на доплата, односно не е вклучена во цената на авиобилетот. Секоја авиокомпанија има свои правила, но главно спортската опрема се дели на две категории: нормална до 2 метри височина, и голема спортска опрема со над 2 метри височина. Задолжително пријавете при резервирање авиобилет дека планирате да земете со себе спортска опрема. СКИИТЕ се најчеста спортска опрема која ја користат патниците. Истите често може да се транспортираат и бесплатно доколку влегуваат во границите на дозволениот багаж според авиобилетот.
Патување во Шенген зоната
Шенгенскиот договор овозможува слободно движење без гранични формалности низ територијата на членките потписнички. Престојот без посебна виза за нашите државјани е ограничен на 90 дена во период од 6 месеци. Пасошот мора да биде валиден најмалку 90 дена од напуштање на Шенген зоната. Доколку важноста на пасошот е помала од пропишаното нема да може да се пријавите на лет од Скопје или Охрид. Правилата се строги и нема исклучоци. Затоа внимателно проверета ја важноста на вашиот пасош. Дополнително при влез во Шентен може да ви побараат да ја докажете целта на вашето патување, за туристички престој тоа е хотелска резервација, повратен авио билет и патничко осигурување.
Патување во Соединетите Американски Држави
За патување во САД мора да имате посебна виза. Специфично за патувањето во САД е тоа што при пријавувањето на лет (check-in) морате да доставите точна адреса на пресој во САД. Затоа секогаш
имајте спремна адреса на престој во САД кога сте на check-in.
Царински регулативи
Цариснките прописи при туристичко патување треба да се проверат од местото каде што полетувате, и во местото каде што слетувате. За македонските државјани дозволено е слободно да изнесуваат ефективни странски пари и чекови во противвредност до 2.000 евра. Суми до 10.000 евра се дозволени за изнесување врз основа на потврда од овластена банка или менувачница. Истите треба да се пријават на цариснкиот службеник пред полетување.
При влез во државата, македонските и странските државјани се ослободени од увозни давачки за: стока за лична употреба, 200 цигари, 1 литар жесток пијалок со алкохол над 22%, 2 литри вино, 50 милилитри парфем и 250 милилитри тоалетна вода.
Подетални информации можете да пронајдете на: www.customs.gov.mk
Патување со домашни миленичиња
Домашните миленичиња можат да се носат при патување со авион, но под определени услови. Најчести миленичиња кои се дозволени се мачки и кучиња. Останатите видови се под строги регулативи. При патување сопственикот е должен да ги провери условите за прием на домашни миленици на дестинацијата каде патува. За нашата земја при пренос на домапни миленици преку граничен премин потребно е: ветеринарно-здравствен сертификат издаден од официјален ветеринар, и пасош издаден од овластен ветеринар. При купување или резервирање на авио билет задолжително мора да најавите дека би патувале со домашено милениче. Авиокопаниите мора да дадат согласност за превоз на истите. Услугата за патување со миленик секогаш се доплаќа. Миленичињата можат да се ностат во кабина со вас доколу не се потешки од 8 кг вклучувајќи ја и специјалната торба која треба да е мека и непропуслива со димензии 55х40х23 см. Поголеми миленици одат во просторот за багаж, но на посебни места каде што се прилагодуваат условите за превоз на миленици.
Деца кои патуваат сами
Во меѓународниот сообраќај деца се сите оние меѓу 2 и неполни 12 години. Но, за нашата земја, според законските регулативи во авиосообраќајот, сите до 14 години се сметаат за деца, и доколку патуваат сами потребно е да се користи (плати) услугата за т.н. непратени деца (unaccompanied minor). Локалните закони бараат овластување од двата родители заверено на нотар. Доколку овластувањето е на странски јазик, имајте спремна официјално преведена копија на македонски. При купување или резервирање билет секогаш нагласете дека се работи за дете кое патува само, бидејки авиокомпанијата мора да го одобри тоа патување. Потребни се и дополнителни податоци (телефон и адреса) за оној што го испраќа детето при полетување, и оној што ќе го чека на крајната дестинација. Од самото пријавување додека не се сретне детето со најавената личност која го чека на дестинацијата, тоа е во придружба на официјално лице на аердромот низ кој се движи, или на кабнискиот персонал на авионот. Патувањето на детето се следи со пропратни документи на кои се потпишува секој кој е одговорен за него во определен период на патувањето.
Фамилии со мали деца
Според меѓународните правила во авиосообраќајот се разликуваат бебе (infant) со возраст до 2 години, и дете (child) со возраст до 12 години. Додека сите компании се сложуваат за возраста на бебето, возраста за дете различни компании различно ја толкуваат. Така за редовните провозници тое е 12 години, но за некои нискобуџетни компании за деца се сметаат оние до 14 години (Wizzair), или до 15 години (Easyjet). Кога патувате фамилијарно резервирајте седишта навреме (за тоа често и се доплаќа) бидејќи компанијата не гарантира дека ќе седите заедно. Кај најголем број компании вкучувајќи ги и нискобуџетните количката за дете е бесплатна и може да се користи до пред самиот влез во авион. Но, не заборавајте при излегување од авионот да ја побарате повторно. При влегувањето во авион (boarding) најчесто фамилиите имаат предност први да влезат и да се сместат во авионот. Искористете ја предноста први да влезете и со сигурност да најдете место за вашиот рачен багаж. Количество на храна потребно за време на летот, секогаш е дозволено за најмалите, дури и ако се тоа течности, кои за останатите патници се строго регулирани.
Пропуштен лет
Може да се случи секому, од било која причина да не стигне на предвидениот лет. Иако сето тоа е зачинето се доста стрес, постојат одредени мали активности кои можат да ја ублажат „штетата„. Доколку увидите предвреме дека не стигнувате за летот ПРВО информирајте ја авиокомпанијта. Одредени тарифи на авиокомпаниите дозволуваат промена на летот со одредена доплата. Полисите на авиокомпаниите за евентуална промена се разликуваат ако се пријавите после полетувањето. Доколку имате резервирано хотел на дестинацијата, информирајте го и хотелот за вашето доцнење. Ако имате патничко осигурување проверете дали во истото има опција за покривање на трошоците при пропуштен лет. Во САД постои неформална полиса т.н. flat-tire policy која овозможува бесплатна промена на летовите кога каснењето не е комплетно во контрола на патниците, прашајте секогаш за такво нешто. И конечно ако го пропуштивте летот, и тарифата не дозволува промена, побарајте рефундација на платените аеродромски такси за неискористеното патување (се прави таму каде што е платена картата).
Оние кои често летаат со авион
Доколклу патувате често со авион без исклучок пријавете се на програмата на авиокомпанијата т.н Frequent Flyer. За секој лет добивате поени, кои подоцна може да ги користите за дополнителен багаж, патување во бизнис класа, или дури за бесплатна карта доколу соберете доволно поени. Компаниите се поврзани во алијанси така што една картичка важи за летови на различни авиокомпнии од иста алијанса. На пример картичката Miles&More на Lufthansa може да се користи од Скопје за летови на Austrian, Croatia, LOT, Turkish airlines, Edelweiss/Swiss. Често со картичките се собираат поени за престој во одредени хотели, или користење рент-а-кар.
Како да се пожалите за услугата на авиокомпанијата
Во тековното ниво на комуникациски развој, праќањето жалби како писмо по пошта е неефикасно. Често нема ни да стигне до одговорните за поплаки. Во случај да имате забелешка на било кој дел од услугата на авиокомпанијата, секогаш користете ја нивната Интернет страница. Авиокомпаниите имаат соодветни електронски формулари кои еднаш испратени пристигнуваат директно до соодветната служба, а вие добивате веднаш потврда (број) дека вашиот случај е примен. Овие формулари најчесто се наоѓаат во делот CONTACT на страницата.
Права на патници
Според европската регулатива ЕС261/2004 патниците имаат право на фер третман и соодветна компензација доколку не можат да го реализираното патување според авио билетот. Компензацијата важи само за нерегуларности кои се во контрола на авиокомпанијата. За нерегуларности кои не се во контрола на авиокомпанијата како: политичка нестабилност, временски непогоди, безбедносни ризици, штрајк во контрола на летање, не следи финансиска компензација. Генерално за доцнења под 2(два) часа во полетување не следува никаква компензација. За доцнења од 2-5 часа компанијата обезбедува соодветен кетеринг и телефонски повик. Над 5 часовно задоцнување во полетување му дава право на патникот да се откаже од патувањето, и да добие поврат на средствата за картата (тоа го прави на местото каде што е купена картата, а не на аеродром). Финансиската компензација доколку доцнењето е одговорност на авиокомпанијата зависи од далечината на дестинацијата, и должината на доцнењето на дестинацијата. Најчест пример за полетувања од Скопје се дестинации до 1500 км раздалеченост, кога за доцнење над два часа на дестинацијата следат 250 евра.
Страв од летање
Дали сте знаеле дека според долгогодишните истражувања на Боинг секој шести човек има страв од летање. Едно поново изтражување на познат магазин пак доаѓа до податок дека дури 50% од оние што патувале со авион почувствувале страв во некој момент од летот. Важно е да се разбере стравот подобро, и тоа да биде почетна точка за негово надминување. Стравот е нормална појава. Постои дел во нашиот мозок наречен amygdala кој не предупредува на опасности, и тоа е на некој начин систем за наша заштита. Но, стравот може да биде креиран и од негативни мисли кои самите ние ги создаваме пред одреден настан. Пример за тоа може да биде припрема за јавен говор каде што голем број луѓе креираат мисли со најлош можен резултат, и токму тоа ги прави уплашени од настанот. Спротивен пример е менталната припрема на врвните спортисти кои вежбаат да го „хранат„ мозокот само со позитивни мисли за успех во натпреварот. Еве ја големата ТАЈНА: нашиот мозок не разликува замислено од реално. Затоа постојаното позитивно размислување за одредени работи, создаваат слики во нашиот мозок кои не го активираат центарот за предупредување. Замислете го вашиот мозок како hardware, а мислите кои вие ги контролирате software. Како што компјутерот може да „фати„ вирус, истото може да се случи кога создаваме страв од летање. Со „замена„ на software-от односно со примена на техники за замена на негативните мисли со позитивни, може да се совлада стравот од летање. Стравот од летање може да биде и страв од непознато, затоа запознавање во одредени функции на авионот, авиобизнисот може да помогне во намалување на стравот. Стравот може да биде предизвикан и од чувството дека за време на летот ништо не е во ваша контрола. Разговор со пилот кој ќе демистифицира одредени звуци, мириси, движења на авионот може многу да помогне. Во моментот кога ќе ги „прекинете„ врските - летање со авион и страв во вашиот мозок, стравот од летање ке изчезне. Обидете се да го смените ваштиот mindset во врска со летањето, наједноставно со позитивни мисли и подобро запознавање на процесот на летањето со авион.
IT'S ALL ABOUT AVIATION
WHO WE ARE
Our mission is to provide excellence of services to our partner clients in the sphere of aviation at both Macedonian Airports in Skopje and Ohrid and broader in the region of Western Balkans.