Новата технологија е императив на аеродромот Скопје. Тоа го покажува со примената на последната технологија во делот на прифат на патници. Имено по зарвршеното пријавување на лет, патниците на скопскиот аеродром поминуваат низ т.н. електронски врати, кои се отвораат по скенирањето на картата за влез во авион. Истите ја подобруваат контролата на пристап во зоната која е дозволена само за патници, и ја олеснуваат работата на аеродромските служби кои сега имаат увид на оние патници кои се веќе во контролираната зона.