Како да се врати довербата во авиосообраќајот

Аналитичарите на Aviation Week преку официјални Webinar-и се вклучени во глобалната акција за враќање на довербата во сообраќајот. Преку стручни анализи на релевантни податоци и анкети ги изложуваат своите мислења на оваат тема.

Резултатите од анкетите во врска со мерките кои најмногу влијаат на довербата на патниците се: 1. Носење заштитни маски 48%; 2. Дезинфекција на авионите по секој лет 43%; 3. Блокирање на средните седишта 9%; 4. Забрана на секаква услуга во авионите 0%.

Секако задолжителната примена на заштитните маски за време на летот, и задолжителната дезинфекција на авионите по секој лет би требало да се усвои кај авиокомпаниите со цел да се обезбеди „здраво„ летање, и да се подигне довербата кај потенцијалните пост COVID патници.

Во насока на враќање на довербата е промоција на софистицираните НЕPА филтри за прочистување на воздухот, кои се веќе инсталирани во модерните патнички авиони. Се смета дека квалитетот на воздухот процесиран низ овие филтри се мери со оној во болничките сали. Истите ја докажаа својта вредност во времето на SARS. Како статистички податок поврзан со оваа информација е и еден лет во почетокот на кризата од Newark до Taipei, кога кинеските граѓани се враќаа во својата држава. Имено на летот имало 340 патници, но десетина од нив со симтоми на Корона. Следењето на сите останати патници потоа покажало дека никој, вон оние веќе со симтоми, не се заразил.

Квалитетот на новата „здравсвтвена„ проверка на аеродромите е важен фактор во одлуката да се купи авиобилет во наредниот период. Како што проблемите од 2001 година доведоа до нови безбеносни мерки на аеродромите, истото треба да се случи и сега со нови здравствени мерки.

Социјалната дистанца во авионите се споредува со социјалната дистанца во автобусите и возовите. Ако не се блокираат седиштата во автобусите и возовите, нема причина авиосообраќајот да се третира различно. Се разбира т.н. интелигентно распоредување на седиштата на летовите кои не полни треба да се применува.

На крај, но не и на последно место е примена на мерките хармонизирано и координирано од страна на повеќето држави во ЕУ и во светот.