Љубљана

Љубљана живее во празничен ритам. Оригиналното Божиќно осветлување, настаните на отворено на плоштадот Прешерн и греаното вино се доволни за уживање. Дополнете со еден разглед по реката Љубљаница, малку шопинг во БТЦ и добивате прекрасно пред новогодишно расположение. Препорачуваме патување до Љубљана во декември, а враќање во јануари поради поволните цени. Од Скопје поволно, преку Белград, директно од Ниш, или до Загреб со дополнителен шатл до Љубљана. Цените се од 183 евра за повратно патување.