Alitalia доби милионски заем од државата
Додека се заврши со т.н. корпоративен трансфер на Алиталиа, италијански власти одобрија заем од 400 милиони евра. Таквата одлука е резултат на досегашните неуспешни обиди да се продаде авиокомпанијата. Повеќе компании од различни индустрии пројавија интерес за превозникот, но конечното продавање на авиопревозникот не „слета„ до предвидената дестинација. Истото е одложено до 31 мај 2020 година.



