Lufthansa пред милионска казна во USA

Германскиот национален превозник Луфтханза е пред милионска казна од воздухопловните власти на САД. Сумата за која се зборува оди до 6.4 милиони долари. Имено строгите правила на властите во САД налагаат строги најави на сите летови и тип на авион со кој оперира авиопревозникот на одредени линии. Според статистичките податоци на линиите за Сан Франциско и Сан Диего Луфтханза користела авиони од типот Airbus A330-300 и Boeing 747-400 без соодветно одобрение, наместо најавениот Airbus A340.